Кога ќе се вратат на тетовскиот плоштад бистите на хероите Ѓоце Стојчевски и Тодор Циповски, убиени во 1944 во судир со балистите?

„Бисти на двајцата народни херои од Народноослободителната борба Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Циповски-Мерџан се поставени привремено во дворот на Меморијалниот музеј на Комунистичката партија во населбата Два Бреста во Тетово. Засега изграден е постамент, на кој се ставени бистите. Треба да се работи и на уредување на споменикот.“ – информираат од Музејот на тетовскиот крај.



Во својата статија информативниот портал „Либертас“ натаму пишува: „Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан како припадници на Третиот тетовски одред загинале на 19 септември 1944 година во битката со балистите кај мавровското село Беличица. Тогаш загинале 19 партизани од тој одред. По завршетокот на борбата балистите убиле 17 жени, деца и старци од селото, а потоа го запалиле до темел целото село. Балистите заробиле четворица партизани, од кои двајца биле стрелани во Тетово на 21 септември 1944 година“

„Бистите на двата народни хероја беа до 2005 година беа на градскиот плоштад во Тетово, но потоа беа отстранети при реконструкција. Бистите беа отстранети при реконструкцијата на градскиот плоштад кога градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 беше Хазби Лика од ДУИ.“

Инаку, Хазби Лика беше „командант“ на 112-тата бригада на УЧК во оружениот судир во 2001 година.

„Сојузот на борци досега неуспешно бараше општината да ги врати бистите на градскиот плоштад. Сега по договорот со Музејот на тетовскиот крај одлучено е да се постават во Меморијалниот музеј во населбата Два бреста каде на 19 март 1943 година е формиран Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија во тогашната куќа на семејството Јовановци.“

„Бистите се привремено поставени во дворот на Музеј на тетовски крај со цел непречено оддавање на почит сè додека не се исполнат услови за нивно враќање на градскиот плоштад од каде противзаконски беа отстранети.’ – информираат од Општинската организација на Сојуз на борци-Тетово.“

„Тодор Ципоски-Мерџан загинал на 22-годишна возраст, а за Ѓоце Стојчевски-Амбарче на 25-годишна возраст. Како народни херои биле прогласени во 1951 и 1953 година. Нивните бисти биле поставени на плоштадот во Тетово во 1970 година. Спомен биста на Ѓоце Стојчевски-Амбарче има во паркот ‘Стара библиотека’, а на Тодор Ципоски-Мерџан во кругот на текстилната фабрика Тетекс.“