Личел на пекинезер – Авторка на Џабир Дерала со грозни навреди за поглаварот на МПЦ -ОА

Малку познатата Емилија Целакоски која е авторка на порталот Фронтлајн на медиумскиот тајкун Џабир Дерала
упати тешки навреди кон поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Г.г. Стефан.



Целакоска во порталот на Џабир Дерала Фронтлајн или Прва Линија го споредува поглаварот на МПЦ – ОА со куче.

За неа тој е карикатура на анафилактичен пекинезер, неуреден, алчен, лажго, трол и лицемер.

Вакви грозни лични навреди немало во историјата на македонската политика а уште помалку кон поглавар на МПЦ-ОА.

Целакоска веројатно не знае дека анафилактички шок е медицински феномен кој може да доведе до смрт на човек или животно.

Ако пак знае дека се работи за тешка здравствена состојба таа свесно зборува за лични медицински состојби што не само што е нечовечки туку може да биде и предмет на судски прогон за говор на омраза и навреда.

За Целокоска Стефан лажно се претставува како Архиепископ на Македонската православна црква Охридска архиепископија која е столб на македонската нација и држава.

,Овој Стојан -„Стефан”, што 24-та година ни се презентира како „архиепископ” вчера го допре своето дно. Уште од неговиот избор во 1999 г. воопшто не ми личеше ни на свештено лице, ниту по лик, ниту на збор. Во себе му „дадов шанса” извесно време, бидејќи прифаќам дека ликот, па дури и зборот можат да измамат, но на секој празник, со секој збор, за мене беше сѐ спротивно од духовност. Неговата биографија од 1986 до 1999 е бирократска: богословски секретар. А претходно, во време кога Македонија е држава со свои институции, тој оди богословски да се образува во Белград и Италија! Да, големо – хммм …!

Со алчен, неуреден лик, најблиску до карикатура од анафилактичен пекинезер, вчера се впушти во директна лага како најдолен трол зад тастатура, но и лицемерно – со еквивокациска отстапница како замена за лажен ботски профил”, пишува Целакоска очигледно лично погодена од зборовите на поглаварот Стефан.

„Така, има некои Македонци со антимакедонски постапки, кои или за лична корист или во служба на туѓи интереси се подготвени волни да отстапуваат од македонската историја и македонскиот јазик“, пишува авторката во текстот на медиумот на Џабир Дерала.

Г. М.