Куќарките кои беа поставени на градскиот плоштад за новогодишните и божиќните празници сѐ уште не се дислоцирани. Сега тие се оставени на милост и немилост на временските услови и на несовесните граѓани
искинати се каблите за струја, искршени се вратите, а внатре куќарките се полнат со ѓубре. Некои граѓани во нив си нашле свое засолниште, пренесува Плусинфо.
-Моменталната глетка на плоштадот е многу грда. Има куќарки кои не служат буквално за ништо. Ниту има некој настан, ниту некој празник, само така „дремат“. Јас често поминувам тука и гледам дека голем дел од нив се уништуваат. Токму вчера забележав во една од нив, која беше обиена, две Ромчиња си седеа и си свиреа на тарабука – изјавил жител на Скопје за порталот.
од Град Скопје и од градоначалничката Данела Арсовска не дале никаков одговор зошто куќарките не се отсранети.






