Делегацијата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, пристигна во Софија, за опелото на упокоениот бугарски патријарх Неофит.
Во состав на делегацијата се митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар, Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј и Брегалнички Иларион.
Писмо со сочувство за упокојувањето на бугарскиот патријарх Неофит, до Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква, вчера упати поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. (Плусинфо)






