Неколку лица со џип синоќа пресретнале и намерно предизвикале судир со автомобил на кумановец.



Пукале кон него, му одзеле торба со пари и по бегството го запалиле возилото со кое било изврен криминалниот чин.

СВР Куманово соопшти дека синочќа по 20 часот било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово.

„Неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило „Ренџ Ровер“, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а од од пожаникарската служба во Куманово потврди дека гасела опожарено возило на улицата „Доне Божинов“.