Партијата Има таков народ на Слави Трифонов излезе со остра реакција и прочита декларација во бугарското Собрание во врска со резолуцијата во Сенатот на САД за поддршка на зачленувањето во Европската унија на Македонија, нарекувајќи ја „таканаречена држава“!



„Група американски сенатори внесоа во американскиот Сенат резолуција за поддршка на северномакедонското членство во ЕУ. Резолуција 581. Ја држам в рацете. Во неа има два вознемирувачки текста за Бугарија. Во едниот се спомнува договорот меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година, кој, според текстот, ја кочел кандидатурата на земјата за ЕУ, но проблемот веќе е решен. Во текстот, меѓутоа, никаде не е спомнат Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и билатералните проблеми произлезени од неговото неспроведување. Да ви ги напомнам – нарушување на правата на Бугарите во таа земја, фалсификување историски настани, обвинувања за фашизам присутни во нивната образовна програма, претепување и терор. Нешта поради кои т.н. држава Северна Македонија треба да биде надвор од Европската унија.

Во другата точка резолуцијата бара од претседателот, од државниот секретар и од европските сојузници на САД да лобираат за членството на РСМ во ЕУ, внимавајте, без никакви други билатерални услови, а тоса е на голема штета на бугарскиот национален интерес.

Ќе ви го повторам – претседателот, државниот секретар и европските сојузници на САД да лобираат за членството на РСМ во ЕУ и за неодложно одржување меѓувладина конференција. Интересно, која држава е поважна за САД? Бугарија, која е членка на ЕУ и на НАТО, или Северна Македонија? Каков е овој наш партнер, кој, евентуално, би ја зазел страната на друга држава, со која ние имаме реални проблеми?“, прашува Трифонов.