Канада ја разгледува можноста да донесе закон што ќе дозволидомашен притвор на лице кое би можело да изврши кривично дело од омраза, што во слободно толкување, значи дека едно лице би било санкционирано поради сомнение за евентуално извршување на кривично дело, а не затоа што навистина го сторило делото, пишува Јутарњи лист.
Поради ова премиерот Џастин Трудо и неговата влада се најдоа на удар на конзервативните западни медиуми и јавноста.
Мајкл Таубе, канадски колумнист и пишувач на говори на поранешниот конзервативен канадски премиер Стивен Харпер во коментар за The Wall Street Journal ја спореди целата работа со филмот Minority Report од 2002 година со Том Круз во кој специјализирана полициска единица за спроведување на законот наречена PreCrime (Преткривично дело) се потпира на психички информации за да ги фати потенцијалните криминалци пред да извршат кривично дело.
На 26 февруари, либералната влада на Трудо го претстави предлог-законот C-63, Законот за онлајн загрозување (ОХА), кој се однесува на говорот на омраза на Интернет.
Една од неговите одредби, според Таубе, ќе му дозволи на секој, со согласност на федералниот јавен обвинител, „да му даде информации на судијата на покраинскиот суд доколку некое лице разумно се плаши дека друго лице ќе стори“ прекршок.
Судијата тогаш би можел да издаде т.н. „мировна врска“ (слободно преведено како мировна обврска) со што на обвинетото лице му се определуваат одредени мерки, вклучително и куќен притвор и електронски надзор, но во овој случај само затоа што се стравува дека лицето може да изврши кривично дело од омраза…





