Германската компанија Next.e.go која требаше да отвори фабрика за електрични возила во во Тетово поднесе барање за стечај.
Од компанијата имаа во план да изградат три нови микрофабрики во Европа и САД за да го прошират производството на своите евтини, мали електрични автомобили за градски сообраќај.
На 13 август 2022 година, целата Влада на ДУИ и СДСМ организираа голем настан за почеток на изградбата на фабриката за електрични автомобили.
Тогаш беше најавено дека првите електрични автомобили произведени во халите во Тетово да бидат готови во 2024 година. Беа планирани да се отворат 890 добро платени работни места.
Толку од „бајката“ за фабрикјата за електрични возила
Од ТИРЗ минатата недела информираа дека се раскинува договорот за државна помош, додавајќи дека досега нема исплати кон компанијата.
Освен во Тетово, фабрика за монтирање на возила требаше да изградат и во градот Ловеч на северот на Бугарија.






