Арбен Фетаи, шеф на кабинетот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во објава на Фејсбук го „парчоса“ министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи.
„Бујар предложи меѓународен одбор за ветинг составен од САД, ЕУ и НАТО.
Да, да, истиот Бујар кој прави кампања со Рамиз Мерко од едната и Теута Арифи од другата страна. Едната беше одбиена за амбасадор од ЕУ и САД поради тоа што сакала да го даде центарот на Тетово на Дака Давидовиќ, кој е на американската црна листа. Другиот има привилегија да биде првиот Албанец во РСМ кој е ставен на американската црна листа за активна корупција.
Истиот Бујар кој гласаше во Владата да му даде пасош на РСН на рускиот олигарх Онишченко, исто така на списокот со санкции на САД и чија влада обезбеди пасоши на стотици меѓународни трговци со дрога, загрозувајќи ја безбедноста на САД, на ЕУ и на НАТО.
Истиот Бујар кој со години лаже дека ДУИ доставила предлог-закон до Владата за ветинг, а нема жив кој го видел тој предлог-закон.
Бујар е обичен измамник кој беше жртвуван од неговиот претседател, кој немаше храброст да се натпреварува со Арбен Таравари. Бујар на 24 април ја завршува политичката кариера и го отвора патот Артан да продолжи на чело на ДУИ по оставката на Али што ќе следи по дебаклот на 8 мај.
Ние правиме ветинг, не грижи се. Само размисли како ќе ги објасниш милионите“, порача Фетаи, кој е и директор на Институтот „Арбен Џафери“.






