Осум месеци затвор за лидерот на „Златна зора“

Лидерот на грчката екстрено-десничарска партија „Златна зора“, Никос Михалолиакос, вчера беше осуден на осуммесечна условна затворска казна затвор за „поттикнување насилство, вршење злосторства и кршење на јавниот ред“.



Пресудата се однесува на еден говор на Михалолиакос од септември 2011 година, во кој тој за политичките противници на партијата, рече дека „ќе им ги скршиме главите“.

Случајот беше поднесен на суд од грчкиот Хелсиншки монитор, по извештајот во еден грчки весник.

Новинарот, ко-автор на информацијата, Димитрис Псарас, сведочеше на суд како сведок на обвинителството.