Ковачевски и Ахмети се првите кои треба да ги ставиме на полиграф затоа што седум години не лажат и крадат. Тие не можат да го решат проблемот со корупцијата, затоа што тие се изворот на истата. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини нема дилема кои треба да бидат првите двајца, врз кои ќе се примени оваа метода. На денешната дебата за интегритетот на граничарите и начинот на нивната проверка, Хајредини додаде, дека сме сведоци како, овие двајца политичари, секој ден лажат и манипулират со народот и сега не убедуваат дека со ставање на полиграф на службениците, ќе го решат проблемот со корупцијата.
„Овие двајцата прво, значи Ковачевски и Али Ахмети. Не, ова не е ни сарказам ни демагогија. Јас ви викам дека оттаму треба да почнеме. Затоа што полиграфот е контрола дали лаже човекот. Па ние сме сведоци дека секој ден лажат, тие самите. Можеме примери колку сакаме да земеме“, рече поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Џевдет Хајредини рече дека полиграфот е добар начин да се утврди корупцијата на граничните премини, но не верува во искрените намери на власта да го реши проблемот со безаконието.





