Владината набавка на 45 возила преку лизинг е во редовната програма, а реализација е предвидена за ноември, изјави вицепремиерот за економски прашања во техничката Влада Фатмир Битиќи.



Министрите ќе се подноват со ликсузни возила

„Тоа е во среднорочниот план, се знае на колку километри се менуваат службените возила и не се набавуваат сега“ – вели вицепремиерот.

Според Битиќи има надлежни служби кои одлучуваат што е поефикасен начин – купување или лизинг – и дека оперативен и финансиски лизинг во цел свет е најупотребуваниот механизам за службените возила поради помалите трошоци за одржување.

„Ако отидете во која било европска земја од ЕУ службените возила, над 90 отсто се преку одреден лизинг што го користат, оперативен или финансиски.

Кај нас се уште тоа е туѓо, но мислам дека е пак на ефикасно трошење на ресурсите, рече Битиќи. МИА