Бериша: Сите Албанци можат да бидат претседател на Р*М, многу напреднале интелектуално, дури и ги надминуваат Македонците!

„Паднаа табуата во * Македонија поврзани со способноста на Албанците да извршуваат важни политички позиции. Треба да ни се даде и нам како на Албанци, реална можност да се кандидираме и да бидеме избрани на функцијата претседател на * Македонија. Оние кои имаат предрасуди и ги негираат реалните, личните и професионалните способности на Албанците, мора да сфатат дека има многу способни Албанци, на човечко, интелектуално и морално рамниште рамноправни со сограѓаните-Македонци. Албанците многу напреднале, исто како и Македонците. Албанците дури и ги надминуваат Македонците.“ – тврди Ејуп Бериша, политиколог и поранешен политички советник на еден од претходните претседатели на Република Македонија, во својата колумна со наслов „Сите Албанци можат да бидат претседател на Републиката, но не и Бујар Османи – оваа позиција ја заслужува Арбен Таравари“. Колумната ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.



Покрај другото, Бериша пишува: Современиот живот секогаш се развива и оди напред: тоа треба да го направи и * Македонија како држава во политичка смисла. Треба да се овозможи не само кандидатура, туку и избор на Албанци на позицијата претседател на Републиката. Во една држава и во едно демократско општество сите граѓани мора да имаат еднакви можности и права за учество во политичкиот процес, за да бидат активни чинители во сите области на државното и општествено дејствување, како и да имаат реални можности, за да го остварат своите лични амбиции. Треба да ни се даде и нам како на Албанци, реална можност да се кандидираме и да бидеме избрани, не само формално, туку и фактички на функцијата претседател на Републиката.

Ако мислат противниците на идејата за еднакви можности и права на Албанците во оваа земја дека за оваа позиција нема достојни, способни, образувани, интелигентни и подготвени Албанци, тогаш тие воопшто не ги познаваат своите сограѓани-Албанци. Во однос на образованието и професионалните вештини Албанците многу напреднале, исто како и Македонците. Дури Албанците и ги надминуваат Македонците. За да процените некого дали е способен и достоен од која било гледна точка и во кое било поле во животот, од личен и професионален аспект, тогаш на тој човек треба да му доверите нешто големо во политиката, на пример, функцијата претседател на државата.

Оние кои имаат предрасуди и ги негираат реалните, личните и професионалните способности на еден Албанец, кои се сомневаат во способностите на своите сограѓани-Албанци, мора да сфатат дека има многу способни Албанци, на човечко, интелектуално и морално рамниште рамноправни со сограѓаните-Македонци. Од независноста на * Македонија во 1991 година до денес Албанците докажаа дека подготвени, способни и докажани кадри, можат да се наоѓаат на важни државни и јавни функции. Ова се потврдува од нивниот постојан придонес и достигнувања на овие позиции во нашата земја.

Паднаа табуата во * Македонија поврзани со способноста на Албанците да извршуваат важни политички позиции. Претседателот на Републиката еден ден може да биде и Албанец. Отстранувањето на застарените и сомничави убедувања треба да го отвори патот за избор на Албанец на функцијата претседател, покажувајќи дека и Албанците можат да бидат личности способни да служат на оваа должност.