“Ние со Бугарија имавме разбирање на премолчени вистини и тоа беа темели на кои не се разговара.
Договорот со Бугарија ја отвори Пандорината кутија за теми за кои не може да се разговара“ изјави поранешниот македонски амбвасадор во Софија Марјан Ѓорчев во синоќешната емисијата 24 анализа во која присуствуваше и екс-премиерот, Љубчо Георгиевски.
„Не може да се разговара со теми кои задираат во основната содржинска димензија на државата, а тоа е македонството.
„Уставните измени не се проблем. Проблем е што после нив“ праша Ѓорчев.
„Кога тие ќе се донесеа со национален концензус и да беше договорено нашиот контрапредлог на францускиот предлог да биде, уставните измени да се донесат на денот кога ќе пристапиме во ЕУ, тогаш тоа ќе беше најдобро решение“, рече Ѓорчев.






