Македонка стои позади лекот против дијабетис „Оземпик”

Македонката Светлана Мојсов(а) е всушност жената која стои зад лекот-блокбастер Оземпик, лекот за дебелина, односно таа е заслужна за откритието на хормонот ГЛП-1 (GLP-1). Потребна била дури и правна битка за да добие признание дека таа стои позади лекот. Долги години наградите ги добивале други наместо таа, за конечно минатата година да почне да се пишува за неа.
Сега таа ќе ја добие наградата „Перл Мастер Грингард“ за 2024 година за нејзиното истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин, обзнани Универзитетот Рокфелер. Во објавата се вели дека истражувањето довело до револуционерни третмани за дијабетес и за дебелина.
„Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници. Мојсов, научен вонреден професор во Рокфелер, ќе биде одликуван на церемонијата во кампусот на 17 април. Наградата ќе ѝ биде врачена од писателката и натуралистка Дајан Акерман, авторка на неколку бестселери на „Њујорк Тајмс“, се вели во објавата на универзитетот и се додава:



„Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (ГЛП-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин.
Светлана инаку е родена во Скопје, а дипломирала хемија во Белград, тогашна Југославија.
Започнува да истражува за дијабетес во Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, Мојсов се преселила во Општата болница во државата Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот ГЛП-1, пептид кој има сличности со една класа на хормони кои ослободуваат инсулин во цревата, наречени инкретини.