Во скандалозна изјава за Слободен печат претседателот Стево Пендаровски признава дека со тоа што им дозволувал на гостите да ги штипкаат ги понижувал гардистите на АРМ во претседателската резиденција.
Меѓу гардистите има и жени кои Пендаровски дозволил да бидат сликани од новинарите во предизборната кампања.Во видеото во кое се гледаат ликови на припадници на АРМ кои се дел од обезбедувањето и придружбата на Пендаровски тој раскажува како на гости во резиденцијата им сугерирал да ги штипат припадниците на Гардата на АРМ.
Насмеаниот претседател кој не смее да ги вмешува припадниците на АРМ во предизборната кампања во изјавата вели дека гардистите на АРМ не смееле да реагираат ако некој ги штипка.
Претседателот Пендаровски како и неговите претходници Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов е врховен командант на Армијата на Македонија но никогаш претходно некој претседател не правел шеги на сметка на гардистите и не ги понижувал припадниците на АРМ.
Генералштабот на АРМ и министерката за одбрана Славјанка Петровска не реагираат на понижувањето на војниците на АРМ од страна на шефот на државата.
Припадниците на АРМ се наша гордост и наследници на тие што ги дадоа своите животи за слободна Македонија и секоја шега на нивна сметка е шега со целиот македонски народ, партизаните и комитите кои гинеле во 1903 и од 1941-45. Извинување до сите нив е најмалку што може да направи Пендаровски за да го избрише срамот од овој скандал. Видеото на линкотhttps://www.facebook.com/share/v/Bu6PF43bptFyqcAs/?mibextid=oFDknk






