Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.Ц. и против правно лице–Агенција за обезбедување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од кривичниот законик.



На 26.12.2023, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ц., при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „Црвена застава”, ловечка пушка „Бенели арми”, ловечки карабин „Бровинг”, ловечка пушка „Берета”, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми различен калибар и 22 ловечки патрони. Додека, при претрес во просториите кои ги користи неговото правно лице, биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка”, пушка „Крико” и пушка „Берета”.

Со ваквите дејствија, полицискиот службеник З.Ц. постапил спротивно и на член 16 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, според кој работниците не треба да ги вршат дејностите кои се во судир со внатрешните, односно полициските работи – работа како управител во правно лице и дејности поврзани со оружје и експлозивни материи.