Дарија Андовска, професорка и декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, со објава на Фејсбук за годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.
„Не сме и не можеме да сме истиот народ, ниту пред, ниту после Тито.
Денешниот тежок ден е уште една потврда за тоа.
Ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година,
7215 души, Евреи од Македонија, биле затворени од страна на бугарскиот фашистички окупатор во магацините на Државниот монопол, и тоа:
– деца од 3 до 10 години: 602
– деца од 10 до 16 години: 1172
– старци преку 60 години: 865
– тешко болни врзани за постела: 250
– бремени жени кои се породиле во логорот: 4
– при самото пристигнување во логорот починале: 4,
а потоа депортирани во логорот Треблинка, каде сите биле задушени во гасни комори.
Вечно нека им се паметат имињата и никогаш да не се повтори“, порача Андовска.






