„Никогаш да не се повтори“ е пораката од централната комеморативна активност, со која се бележи 81 година од холокаустот на македонските Евреи.
7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип на денешен ден во 1943 година, од тогашната бугарска фашистичка власт биле депортирани во логорот во Треблинка, од каде никогаш не се вратиле.
Свежо цвеќе пред споменикот во скопскиот монопол положија претседателот на Еврејската заедница, израелската амбасадорка во земјата, Пендаровски, Џафери, како и претставници од Владата.
Бројни делегации оддадоа почит и на Могилата на депортираните Евреи од Македоникја, како и на споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски денеска порача дека заштитата и признавањето на човековите права е основата за взаемно почитување и напредок на општеството кое мораме да го имаме.
Во Македонија, комеморативната програма започна пред два дена. Освен во Скопје, предвидени се активности и во Битола, и во Штип.





