Пајазити: Злосторство се условни 18 месеци затвор за 14 изгорени во модуларната и 20 месеци за 45 мртви од „Бесатранс“!

„Народе, бидете внимателни! Заштитете се! Условна казна од 18 месеци затвор казна за горењето 14 луѓе во модуларната болница во Тетово.“напиша со нескриен револт Насер Пајазити, основачот и извршен директор на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА на својот фејсбук-профил.



Во истиот тон Пајазити продолжува: Затвор од 20 месеци за случајот со смртоносната несреќа на „Беса транс“, во која животот го загубија 45 патници!

Ова е злосторство и поттикнување на злосторство, овде нема ниту „К“ од казна!

Народе, внимавајте! Заштитете се себеси!