Речиси во исто време лидерот на СДСМ и експремиер Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ лицитираа со значително зголемување на просечните плати во своите земји.
Ковачевски на партискиот собир во Струмица вечерва најави просечна плата од 1.000 евра и минимална од 600 ако СДСМ остане на власт по 8 мај, а Вучиќ вети дека просечната плата во цела Србија до 2027 година ќе достигне 1.400 евра.
Државниот завод за статистика за декември пресмета просечна плата од 649 евра во Македонија, а во Србија таа беше 811.
Македонија е на дното во тој поглед меѓу републиките од поранешна Југославија, далеку зад Словенија со 1.530 евра, Хрватска со 1.191, Црна Гора со 814, а подобра од неа во последниот месец минатата година беше и Босна и Херцеговина со просечна плата од 654 евра.






