Радев за Пендаровски: Антиевропското однесување на некои политичари во РСМ ги оддалечува од ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев реагира за пораките на неговиот колега Стево Пендаровски дека македонското малцинство во Бугарија е факт и оти треба да биде впишано во тамошниот устав исто како што Софија бара за Бугарите во Македонија.



„Очигледно, некои политичари во Северна Македонија се обидуваат да ја осознаат реалноста на потешкиот начин. Тоа не им носи никаква полза. Напротив, досега имаа доволно поводи и настани за да се убедат дека нивното антиевропско однесување и однос кон нашата земја на ниту еден начин не им носи придобивки и ги оддалечува од нивното членство во Европската Унија“, изјави Радев пред новинари во градот Летница на северот од земјата.