И оваа година традиционално во Битола се одржа сеќавање за холокаустот на Евреите од Битола кој се случи во 1943 година, кои на 11 март 1943 година беа депортирани 3.500 илјди Евреи во логорот на смртта Треблинка, а живееја во Битола во Еврејското мало и на други локации во градот.
Општина Битола, Еврејскта заедница и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија со “Поворка на живите“ што се одржа од еврејското маало до Железничката станица, одбележаа 81 година од холокаустот на битолските Евреи. Според востановената традиција во Битола пристигнаа повеќе гости од Израел, од Еврејската заедница во Македонија.
Комеморативната програма почна со оддавање почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара, каде цвеќе положија претставници на Евреите од Белград, Србија на Евреите од Македонија, невладини организации и поединци, студенти и ученици.





