Локалот во Охрид каде избувна пожар е во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи.
-Извршен е увид од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид на лице место во угостителски објект на булеварот Туристичка, во рамки на градскиот пазар Охрид, каде што рано утрово избувнал пожар.
Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи, соопштиja од Јавното обвинителство.
Истрагата треба да открие дали причините за пожарот, имаат некаква поврзаност со работата на Државниот правобранител.
Јавниот обвинител издаде и насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот.






