Налепниците со NMK слабо издржуваат – граѓаните се жалат но и се потсмеваат

Дел од граѓаните кои на своите регистарски таблички на возилата ги залепија налепниците со ознаката NMK веќе објавуваат фотографии од уништените лепенки – пренесе Фактор.



Нагласуваат дека тие веќе се скоро целосно искинати од сонцето. „Бура“ од коментари следуваат под овие објавени фотографии:

-Во Грција ќе се стопат, таму е потопло

– Лесно…ќе смените нови таблици и нема да ви се излупи налепницата, и ќе одите и во Грција и секаде каде што сакате. Ако имате пари за Грција имате пари и за нови таблици.

-Има ново правило за да ја поминете границата, на чело ќе ви ги лепат!

Ова се само дел од коментарите на граѓаните.