Среде Македонија, во Скопје, на централен промотивен собир, со развеани многубројни албански знамиња, па и знамиња на УЧК, знамиња на САД, ЕУ и НАТО, но без ниедно знаме на државата Македонија, за чиј претседател се кандидира, Бујар Османи вечерва на централната партиска конвенција за негово претставување рече дека една од причините, поради кои влегол во трката е „да го спречи руското влијание во нашата земја“.
ТВ 21 ги пренесува клучните пораки и ставови на Османи: Нагласувајќи дека „Русија не ѝ пријател на * Македонија“, Османи порача: „Нашата иднина е под закана од надвор, Русија е наш непријател, нејзин стратегиски интерес е Балканот да остане надвор од ЕУ и НАТО. За нас сонцето изгрева на Западот. САД, НАТО, ЕУ – овие зборови треба да ги изговараме колку е можно почесто! Не за Кина, не за Русија, не за Белорусија! Да за ЕУ!“
Голиот цар развеа бело знаме – Зошто Бујар Османи е пуштен низ вода





