Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати.



Во битката за претседател на Македонија влегуваат седум кандидати.

Според пребројувањето на ДИК, заклучно со 20 часот на 8-ми март, најмногу потписи има собрано кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. За неа потписот го дале повеќе од 28.000 граѓани.

Кандидатот на СДСМ и актуелен претседател, Стево Пендаровски ја доби поддршката за да биде кандидат од 22.000 лица.

Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Арбен Таравари и Билјана Ванковска успеаја да ги соберат потребните над 10.000 потписи.

Неуспешен обид да влезат во претседателската трка имаа Мерсиха Смаиловиќ, Вело Марковски, Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Попоски, Драган Николовски и Гоце Ристов. Тие не добија поддршка за кандидатура. Томе Николовски се откажа од собирање на потписи.