Арбен Таравари има 7,3% , наспроти 4,9 отсто доверба за Бујар Османи, покажува анкетата на Центарот за политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината”, објави Фокус



Според анкетата, сепак, фаворит за кои се изјасниле најголем број на испитаници е Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

„За Гордана Силјановска Давкова се изјасниле 18,2%, додека за Стево Пендатовски поддршка дале 15% од испитаниците. За Максим Димитриевски би гласале 2,6% доберба, а за Билјана Ванковска 2,2%.

Што се однесува до рејтингот на партиите, За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 20%, за СДСМ 12,2%, за ДУИ 5,9%, а за Коалицијата „ВРЕДИ“ 6,9% од испитаниците, додека поддршка за Левица дале 2,8%.