Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида.



Средбата, која била на барање на Орбан траела околу еден час, јави Си-Ен-Ен.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно најави дека Орбан со Трамп ќе разговара за војната во Украина.

„Потребни ни се водачи кои се почитуваат и можат да донесат мир. Тој е еден од нив. Вратете се и донесете мир, господине претседателе“, напиша претседател Орбан на ‘X“ по средбата.

Сијарто, кој го придружуваше Орбан, ја поздрави „силата“ на Трамп и навести дека светот би бил помирен доколку тој сè уште беше претседател.

„Доколку Доналд Трамп беше избран за претседател на Соединетите држави во 2020 година, војната во Украина, која сега е трета година, немаше да избие и конфликтот на Блискиот Исток ќе беше решен многу побрзо“, напиша тој.

Џо Бајден го критикуваше состанокот:

„Дали знаете со кого (Трамп) се среќава во Мар-а-Лаго? Орбан од Унгарија, кој рече дека мисли дека демократијата не функционира“.

Во ЕУ, Орбан е единствениот кој продолжи да одржува блиски врски со Русија, потсети Асошиетед прес.