Кандидатот за претседател на државата на опозициските партии на етничките Албанци обединети во коалцијата „Вреди“ и претседателк на Алијанса за Албанците,Арбен Таравари, по расколот во партијата вели дека тој е подготвенда стави потпис на кандидатските листи на крилото на Зијадин Села само да не настапат со ДУИ на изборите.
„Ние сме во коалиција VLEN (Вреди), фракцијата која што произлезе од нас најверојатно ќе биде на заеднички листи со ДУИ, вели Таравари.
„Ако решат дека одат со ДУИ, бидејќи ги немаат печатите на партијата, јавно кажувам дека сум подготвен да ги донесат нивните листи со имиња и презимиња, јас би ги потпишал и би ги однел во Државната изборна комисија.
Ако сакаат да се натпреваруваат сами, јас сум подготвен да им помогнам, да ги потпишам и да им ставиме печат на нивните листи“, изјави синоќа Таравари во „Топ Тема“ на ТВ Телма
Одлуката за предизборен настап со опозициските партии на Албанците, беше причина за разидување меѓу Таравари и Зијадин Села во Алијанса за Албанците.
На одделните конгреси што неодамна ги организираа двете крила во партијата, Таравари беше разрешен од функцијата претседател на партијата, додека пак неговите поддржувачи ја укинаа позицијата претседател на Централното собрание на АА на Села.
Таравари вели дека граѓаните уште од 2011 година гласаат против ДУИ, но партијата и понатаму опстојува на власт затоа што досега немало единство во редовите на опозицијата, а да биле претходно заедно Алтернатива, Алијанса за Албанците и Беса, ќе ја победеле ДУИ.
„Опозицијата тогаш не можеше да се обедини, па и во 2016 година, па и во 2020 година. Да бевме Алтернатива, Алијанса и Беса заедно, ќе ја победевме ДУИ. Сега беше моментот и сега е моментот да ги донесеме промените во албанскиот блок“, рече Таравари






