Поради несолвентност на компанијата „мајка“ од Германија, се запира Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ која требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.
Каде се 43 милиони евра: Наместо фабрика за електрични автомобили имаме празна нива
„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за компанијата „мајка“ во СР Германија“ информираат од Дирекцијата за ТИРЗ, пренесува Република.
Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.
Од ТИРЗ нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.
„За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации“, посочуваат од Дирекција за ТИРЗ.






