Претседателот на Обединета македонска дијаспора (ОМД), Методија Колоски, ѝ ја врачи награда „македонско пријателство“ на хрватската европратеничка Маријана Петир, оснивачка и шефица на групата „Пријатели на Македонија во Европски парламент“.
„Благодарност до Обединета македонска дијаспора за наградата ‘македонско пријателство’. Навистина сум почестена“, се заблагодари пријателката на Македонија.
Петир го потврди пријателството на Хрватска со Македонија и изрази надеж дека наскоро ќе ја види Македонија во Европска унија и во НАТО.
Признание од ОМД доби и Вилма Трајковска, сопруга на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски.
На свеченоста што најголемата организација на македонските иселеници во светот ја организира по 66. Национален молитвен појадок во Вашингтон присуствуваше и пратеникот Владимир Ѓорчев.





