,,Позната пудлица на секоја власт” осудена за клевета, објави жртвата на лагите

Полека но сигурно доаѓа крајот на сеењето лаги и манипулации на потрошени вртикапи политичари. После изборите на 8ми Мај, единствено ке им остане да си ги пеат песничките во квази емисиите кадешто целовечерно настапуваат. Во прилог, тужбата добиена против Стевче Јакимовски, познатата пудлица на секоја власт.



Оваа информација ја објавува Илија Тозија кој го тужел градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевче Јакимовски за клевета и го добил на суд.

Според пресудата Јакимовски лажел кога го обвинувал Тозија за незаконски активности.

Јакимовски кој е кандидат за претседател со оваа пресуда ќе има проблем да ги убеди гласачите дека не е лажго и манипулант.