Се отепаа од сликање за нешто што требаше да биде финито во 2021 – пишува Горан Момироски

Владините функционери на СДСМ и ДУИ продолжуваат со сликање на проектот кој почна да се подготвува пред 9 години, првичен план беше да биде изграден во 2019, потоа требаше да биде готов во 2021 за тогаш да биде објавено дека краен рок е лани а сега веќе не се ни зборува сериозно за краен рок.



Откако неколку пати предходно таму беа Заев, Ковачевски, Николовски, Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, актуелниот и екс министерот за транспорт Сугаревски и Бочварски денеска таму се сликаше и техничкиот премиер Талат Џафери.

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е епитом на сета неспособност на власта на СДСМ и ДУИ кои наместо да се кријат од проектите што ги уништија мислат дека јавноста е глупа и ќе заборави колку пати предходно таму се правела пропаганда.

Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓаше меѓу стратешките приоритети и високо нa агендата во многу изборни пограми на СДСМ и ДУИ но неговата изградба постојано се пролонгираше.

Договорот за заемот од Светска банка за изградба на овој експресен пат, беше потпишан уште во октомври 2015 година од страна на тогашниот министер за финансии и вицепремиер од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески.

Тогаш беше најавено дека патот ќе започне да се гради во 2016 година и ќе се заврши за три години, односно до 2019 година.

Но, тоа не се случи, стартот на работите започна дури по смената на власта, поточно во јуни 2018 година.

Кога конечно започна да се гради овој експресен пат, првичните проекции на Владата предводена од СДСМ беа дека ќе биде завршен во 2021 година. Но и овие прогнози не се остварија, па рокот за реализација на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка од 2021 година беше продолжен до 2023 година.

За денеска техничкиот премиер Талат Џафери да оди да се фали и во исто време да се срами за проектот кој требаше да биде готов пред цели 5 години, што значи дека уште на минатите избори во 2020 година СДСМ и ДУИ веќе доцнеле со проектот.

Поврзана содржина

СДСМ и ДУИ задоволни што 70 месеци се градат 14 километри пат што требало да се завршат во 2020 година