Вистинска ,,Карма Каша” се случува во ДУИ, откако функционерката што се закани со војна котира високо на листата на пратеници а нивниот најголем противник до лани ќе биде носител на листа на Ахмети.
Како што неофицијално дознава ТВ21 на листите на ДУИ на високо место се наоѓа Шкодране Дардишта која лани се закани дека ако не се слушаат барањата на ДУИ ќе бидат извадени чизмите од таван односно ДУИ пак ќе почне војна.
Тогаш ДУИ се огради од Дардишта но сега според телевизијата блиска на Ахмети радикалната функционерка која добива огромни пари во Телеком е високо на листата на пратеници.
Кои се другите луѓе кои можат да станат пратеници на ДУИ а кои се од други партии.
До последните избори не можеше да се замисли кандидати од други партии да бидат на листите на ДУИ.
По изборни единици:
1️⃣ Блерим Беџети, втор е Скендер Реџепи – Зејд од Народното движење. Трета е радикалната Дардишта
2️⃣Садула Дураку или Илир Хасани. Втор на листата се очекува да биде Елми Азири од АА, а потоа Дијана Тоска и Арбр Адеми од ДУИ.
5️⃣Зијадин Села од АА, зад него се очекува да се најде Муса Џафери од ДУИ.
6️⃣Али Ахмети. По него ќе биде Талат Џафери, додека трета по ред се очекува да биде Илире Даути од АА. По нив следуваат ДПА, Арјанит Хоџа од ЕДП, Ваљдет Џафери од ДУИ и Илир Демири од АА.






