Владата упорно сака со доделување на државна помош на Вабтек МЗТ АД Скопје да го спаси американскиот инвеститор од континуираното бележење загуби. Оваа инвестиција работи во кругот на поранешен „Металски Завод Тито“ во Скопје и произведува сопирачки за возови, главно за странските пазари, но секоја година бележи евидентни минуси во работењето, иако има големи приходи.
Најверојатно токму поради тоа, Владата во изминатиот период решила да му додели државна помош со тоа што Вабтек МЗТ ќе се пресели во една од скопските технолошко-индустриски развојни зони.
Последниот извештај за работењето на оваа компанија за периодот од 1 јануари до 30 септември 2023 покажува дека е направена загуба од безмалку 82 милиони денари и покрај тоа што биле остварени продажби од 1,76 милијарди денари. Извештаите од „Македонска берза“ покажуваат дека друштвото за 2022 остварило загуба од работењето од безмалку 2 милиони евра. Претходно, за 2021 пријавената загуба од редовното работење била 5 милиони евра.
Во меѓувреме, Комисијата за заштита на конкуренцијата во текот на септември минатата година дала негативно решение на ваквата државна помош со аргумент дека не може веќе постоечка „градска“ инвестиција да се сели во слободните зони за да добие државна помош. По ова следувало жалба од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони до Управниот суд, кој на 20 декември донел пресуда во корист на жалителот и му наложил на комисијата да го преиспита мислењето. Одлуката е објавена на самата веб-страница на КЗК.
Комисијата се изјаснила негативно и побарала од Вабтек МЗТ да ја задржи постоечката инвестиција, односно објект и вработени во Скопје, доколку сака државна помош за паралелно нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 2, нешто што дошло како непланиран удар за Владата, која сакала на американскиот инвеститор да му помогне со четири мерки. Според известувањето кое го објавува КЗК, предлог договорот за државна помош за производителот на сопирачка опрема бил подготвен уште во јануари 2022.
Целиот текст прочитајте го тука. .





