Најважно е што Грција и Македонија моментно разговараат без посредник.



„Не велам дека меѓународниот посредник Метју Нимиц ќе остане надвор од овие преговори, но сметам дека тој заврши голем дел од својата работа. Неговата задача од сега ќе биде поврзана и со тоа на меѓународната заедница да ѝ соопшти дека веќе имаме решение за името“,вели Спирос Сидерис, експерт за Балкан и основач и директор на Независната балканска новинска агенција.

Вчера токму неговата агенција ја рашири веста за претстојната средба меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Кодзияс и Никола Димитров, во Софија на 15-16 февруари.

„Отсега натаму, разговорите ќе станат поинтензивни и ќе се водат на ниво министри за надворешни работи под надзор на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и, што е најважно, во моментов Грција и Македонија разговараат без посредник меѓу себе“”, изјави Сидерис  за БГНЕС.

Сидерис смета дека е малку веројатно на претстојните разговори Коѕиас – Димитров во Софија да присуствува и Нимиц, како што објавија некои балкански медиуми.

Сидерис обрнува внимание на неодамнешните настапи на македонскиот премиер Зоран Заев кој изјави дека прифаќа географска одредница за името на Македонија и дека не треба да се прават промени во Уставот.

„Ова значи дека Заев не прифаќа erga omnes. Најважно за Грците е во Македонија да прифатат решение за името и за внатрешна и заамеѓународна употреба

„Според мене тоа ќе биде едно од клучните прашања кои ќе биде засегнати за време на средбата на Коѕиас и Димитров во Софија“, вели Сидерис.

Политичкиот аналитичар е категоричен дека во наредните недели и месеци средбите меѓу шефовите на грчката и македонската дипломатија ќе стануваат се почести и некаков резултат ќе имаме некаков резултат.

„ На крајот на март ќе имаме целосна слика“, прогнозира Сидерис.