Постар државјанин на Македонија вечерва околу 21 часот во близина на наплатната рампа кај Прешево пукал врз млада жена од Србија, која е префрлена на Ургентното одделение на Болницата во Врање, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.



„Врањски онлајн магазин“ објави дека од повеќе извори му е потврдено оти двајцата биле заедно во автомобилот, од кој жената во еден момент излегла и почнала да бега, а мажот истрелал повеќе куршуми кон неа и потоа се оддалечил во правец на селото Жуинце. Набрзо се вратил на местото на настанот и си пукал себеси в глава.