Мерко со нов скандал: На општинската зграда спомен плоча на албански со која се велича фашистичката окупација

Надвор од сите правни процедури, без гласање на Советот по системот на бадентер и крајно, без согласност од пошироката заедница, на влезот од општинската зграда во Струга е поставена спомен плоча на која пишува : Основно училиште “Kонгрес во Битола” -1ви септември 1941 година. Прекршувајќи го законот за употреба на македонскиот јазик, скандалозното обележје е испишани само на албански и го велича фашистичиот период во кој Струга била под италјанска окупација,чиј соработник била Кралска Албанија – пренесе Алфа тв.



Повикувањето на придобивките стекнати под закрила на фашизмот со поставување на спомен обележје на објект кој што повеќе од половина век беше училиште под името “Браќа Миладиновци”, прогласен за значајно културно наследство во 2013-та, не води кон соживот и заедништво во општина Струга.