Несериозна изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека не се потребни измените на Изборниот законик и дека има граѓаните имаат 50 дена да извадат нови лични документи, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски.



Џафери вчера ги повика граѓаните што немаат документи со новото име на државата да поднесат барања за да ги извадат во следните 50 дена до изборите.

Кој сака, за еден месец може да извади лична карта, вели Џафери

„Изјавата е несериозна. Немаме педесет дена. На 18 март се затвора Избирачкиот список, ако дотогаш не стапи во сила измената на законското решение, на граѓаните ќе им биде прекршено второ човеково право. Првото е слободата на движење, второ ќе биде правото на глас. Тоа е се 100.000 граѓани“, рече Тошковски.

Пратениците распшраваат дали ќе се гласа и со “стари“ документи

Тој ги повика премиерот и другите политички фактори, особено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да најдат заеднички јазик и да ја поддржат иницијативата во делот на усвојување соодветни законски измени.