Бугарското МНР го повикало амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, поради неодамнешните јавни коментари и наводно невистинити тврдења во врска со Бугарија, дадени од македонски политичари, пренесува бугарската новинска агенција БTA.
Ваквиот потег на бугарското Министерство за надворешни доаѓа откако бугарската партија ВМРО-БНД побарала официјална Софија да реагира на, според нив, „непромислените изјави на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој деновиве изјави дека „македонското малцинство во Бугарија било малтретирано со години“.
Министерството за надворешни работи на Бугарија цврсто се противи на обидот повторно да се вклучат Бугарија и билатералните врски во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања, соопшти МНР инистерството.
„Бугарија постојано одржува конструктивен дијалог и се воздржува од коментари за постојаните провокации во јавниот простор на с. Македонија.
Бугарија го прави ова со разбирање дека треба да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес, како и мирна јавна средина за потребните реформи да се спроведат.
Ја повикуваме политичката елита во с. Македонија да ја покаже потребната зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот постигнат во 2022 година и строго да го почитува Договорот за пријателство од 2017 година.
Добрососедство и соработка. Тоа е единствената опција за постигнување вистински напредок во процесот на евроинтеграциите на земјата во корист на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на бугарското МНР.






