Извесен Драган Николовски, до ДИК доставил иницијатива за собирање потписи за кандидатура за претседателската трка.
Неговата иницијатива доаѓа на само два дена пред истекот на рокот за собирање на законски неопходната поддршка бидејќи петок е последен ден.
Тој до утре треба да собере 10 илјади потписи граѓанска поддршка.
Како и за сите останати така и за новиот кандидат за собирање на граѓанска поддршка со која би се официјализирала неговата кандидатура достапни се подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.
До овој момент седум кандидати ги официјализираа своите кандидатури.






