Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во која покрај лидерот Христијан Мицкоски потпретседателите Александар Николовски и Тимчо Муцунски се наоѓа и Гордана Силјановска Давкова, учествува на собирот на најмоќната политичка група во Европарламентот, Европската народна партија (ЕПП), кој се одржува во Букурешт.
На настанот на кој македонските претставници имале голем број на средби кандидатката за претседател Силјановска се сретнала и со Патрик Волер, меѓународен секретар на ЕПП.

Волер на средбата со делегацијата од Македонија ја потврдил поддршката за Силјановска која иницијално била упатена уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ѝ посакал успех на претседателските избори.

На самитот Силјановска се сретнала и со Јохан Вадефул, заменик претседател на пратеничката група на најголемата германска партија ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.
На средбата со Вадефул се дискутирало за поддршката на пристапувањето на Македонија кон ЕУ, но исклучиво врз основа на јасните копенхагеншки критериуми и на европското aquis.
Пратеникот Вадефул изразил голема поддршка за ГСД, во името на ЦДУ, за победа на професорката на следните претседателски избори.
На средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерот на Хрватска Пленковиќ станало збор за европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, за взаемната политичка, економска и културна соработка помеѓу Македонија и Србија и Македонија и Хрватска.







