Поранешниот кандидат за претседател на државата, Имер Селмани, вели дека годинава кампањата за претседател на државата ќе биде поинтересна со седум кандидати.
Селани во гостување на „ТВ24“ вели дека кандидатите и се познати на јавноста и сите имале поголемо политичко искуство.
„Имавме избори во минатото на кои имавме нови кандидати и овде имаме познати кандидати. Овие претседателски избори во вториот круг се поклопуваат со парламентарните, но според тежината и придонесот што ќе го дадат нема да се квалификуваат само двајца кандидати кои ќе влезат во вториот круг.
Резултатите од првиот круг на претседателските избори ќе ја одредат сликата на изборите над резултатите од парламентарните избори“, рече Селмани.






