Јулија Навалнаја, вдовица на опозицискиот лидер Алексеј Навални, ги повика Русите да се приклучат на протестот на денот на изборите на 17 март напладне и да гласаат против претседателот Владимир Путин или да ги уништат гласачките ливчиња.
Во видеото на Јутјуб, Навалнаја рече дека црпела надеж од огромните толпи што се појавија минатата недела на погребот на нејзиниот сопруг, кој почина во казнената колонија на Арктикот на 16 февруари.
„Треба да го искористиме денот на изборите за да покажеме дека постоиме и дека нè има многу. Ние сме вистински, живи луѓе и сме против Путин. Треба да дојдете на гласачкото место во истиот ден и во исто време – 17 март напладне“, рече Јулија Навалнаја.





