Бујар Османи ни соопшти дека тој во досегашната своја работа покажал дека работи за сите заедници, реагира професорката Мирјана Најчевска на (веројатно) синоќешното интервју за ТВ Телма на министерот и кандидат за претседател на Македонија.
„Мене ме интересира една единствена работа која ја направил за македонската заедница“, прашува на Фејсбук Најчевска.
„Дали како таква ја смета посветената работа за внесуваето на Бугарите во Уставот?
Или, можеби изјавата дека не одговара пред Владата туку пред Али Ахмети?
Или посветената работа во полза на Косово и Албанија за време на преседавањето на Македонија со ОБСЕ?
Или можеби со промовирањето на лагата дека етничките Македонци се проруски настроени, а етничките Албанци во Македонија се тие кои се борат за влез во ЕУ?
Или со узурпацијата на Министерството за надворешни работи и ставањето на ова министерство во функција на ДУИ?
Или со дискриминацијата на дипломатските претставништва раководени од етнички
Македонци наспроти тие раководени од етнички Албанци?
Или со уцените упатени кон етничките Македонци и заканите во случај овие уцени да не вродат со плод?
Навистина ме интересира да ми биде посочена една единствена активност на Бујар Османи која е во корист на етничките Македонци“, вели Најчевска во објавата на Фејсбук.






