Власта и нанесе голема штета на Македонија со Договорот за добрососедство со Бугарија и тоа била една од причините зошто се кандидира пак за претседател на Македонија, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Алфа телевизија.



,,Времето што го живееме е поинакво од 2019-та година. Се покажа дека во политиката влегле или на функции се нашле луѓе кои не можеле да ги антиципираат процесите, односите и настаните.

Тоа се луѓе аматери.

Мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ, и нема да има никаков проблем. И страшно е кога уште веруваат дека се на правиот пат“, “ истакна Силјановска во емисијата „За или против“.