Никој не истражува зошто Пендаровски помилувал мафијаш од озлогласен нарко картел

Институциите под контрола на СДСМ и ДУИ не истражуваат а за јавноста се уште не е јасно зошто претседателот Стево Пендаровски и кандидат за иден шеф на државата го ставил на листата за помилување еден од лидерите на нарко картелот БАРОН.



Според информациите на емисијата ,,КОД” на Снежана Лупевска која потсетува на случајот комисијата за помилување која ја формирал Пендаровски го помилувала
Бедри Зекири кој порано се презивал Бериша.

Случајот кој лани го отвори Фокус цели 6 месеци не е предмет на истрага иако постојат сериозни индиции дека некој во кабинетот на Пендаровски или лично тој од корупциски причини одлучил да се помилува член на нарко картел.

Нарко картелот Барон е дел од пресметките во македонското подземје а за оваа ситуација екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неколку наврати лично ги брифирал луѓето на Пендаровски.

И покрај тоа што имал информации за кого се работи шефот на државата преку неговата комисија за помилување го помилувал членот на нарко картелот.

Пендаровски во август се обиде да најде оправдување за помилувањето на Бериша но неговите сомнителни тези досега не ги проверила ниту една институција по што останува ревизијата на овој случај да ја прави новата влада по 8 Мај.