Силјановска остана без зборови по неверојатната поддршка (ВИДЕО)

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска остана без зборови откако доби рекорден број на потписи во трката за иден шеф на државата.



,,Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени.

Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата.

Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам”, порача Силјановска откако денеска доби над 20 илјади потписи од граѓани.

Линк на Фејсбук

https://www.facebook.com/share/v/h5RuGKqdtLQzaVa3/?mibextid=oFDknk