Филипче во прв ред со Ковачевски – се поизвесно дека ќе биде носител на листа?!

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче се поизвесно е дека ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица како што шпекулираа медиумите. Тој денеска се појави ма осмомартовскиот марш организиран од СДСМ. Во прв ред друштво му правеа поранешниот премиер Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Соња Лукаревска.



Она што е интересно, е дека ова е второ појавување на Филипче по ова подолго време за тема која не е директно поврзана со медицината. Претходно тој се појави на одбележување на 80 годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски Питу. Чествувањето беше во присуство на бројни членови на Сојузот на борците во родниот град на Питу, Прилеп.

Оваа објава ја споделија и бројни поддржувачи на владејачката СДСМ на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што Прилеп припаѓа на Изборна единица 4, а Филипче извесен период наназад често престојува во Струмица, дали ова ги подгрева шпекулациите дека познатиот неврохирург и поранешен министер за здравство е пик број 1 односно можен носител на изборната листа во оваа изборна единица во која припаѓаат Прилеп, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Богданци и Валандово.